Визит карти
Импримо е модерно печатарско студио специјализирано за брендирање и печатење на промотивни материјали. Нудиме комплетни решенија - од креативна идеја и дизајн, до висококвалитетен финален производ.
Како печатница фокусирана на детали, квалитет и конзистентност, работиме со современа опрема и внимателно одбрани материјали за да обезбедиме професионален изглед на секој производ. Соработуваме со компании, организации, настани и индивидуалци.
Нашата цел е едноставна - вашиот бренд да изгледа чисто, сериозно и препознатливо.
Импримо - од идеја до финален производ.
Нудиме стручен совет при избор на материјал и завршна обработка за најдобар финален изглед.
Обезбедуваме професионална подготовка за печат за беспрекорен и конзистентен резултат.
Брза и ефикасна изработка по договорени рокови, без компромис во квалитетот.
„Вашиот бренд, видлив и забележлив во секој детал.“
• Производ • Количина • Рок • Дизајн
• Предлог • Понуда • Цена
• Preview • Одобрување • Печат
• Проверка • Пакување
• Испорака по карго • Подигнување
„Ми требаа итно флаери за настан и искрено не очекував толку брзо да бидат готови. Квалитетот беше одличен и сè стигна на време.“
„За фирмата правевме визит-карти за цел тим. Изгледаат многу професионално и добивме баш тоа што го договоривме.“
„Порачавме брендирани чаши и промо материјали за кампања. Печатот е чист, боите се точни и целата комуникација беше многу лесна.“
„Им испратив идеја што ја имавме и ни помогнаа со дизајн и финален изглед. Крајниот резултат изгледа сериозно и квалитетно.“
Доколку немате подготвен дизајн, ви нудиме комплетна креативна изработка и професионална подготовка според сите стандарди за печат.
Фајлот е најдобро да биде подготвен во PDF (Print Ready) формат. Исто така прифаќаме и AI, PSD, EPS или TIFF, доколку се правилно подготвени за печат.
Да, може да се додаде QR код на вашиот дизајн - за брз пристап до веб, контакт или промоција.
Рокот за изработка обично е 5-7 работни дена, но во зависност од барањата на клиентот може да варира.
Испорака се врши низ цела Македонија преку сигурни карго партнери.